Иран лансираше нов бран ракети кон Израел рано во саботата, завршувајќи ја ноќта на напади меѓу двете страни што предизвикаа повеќекратни експлозии и уништување во Тел Авив и Техеран, пренесува Си-ен-ен.. Долготрајниот конфликт меѓу Иран и Израел ескалираше жесток напад на Израел рано наутро во петокот врз иранските нуклеарни и воени цели, во кој загинаа некои од највисоките лидери во земјата и се зголеми стравот од поширока регионална војна.
Израел, според информации од американски и европски претставници, очигледно се подготвува да почне напад врз Иран, објави денеска „Њујорк тајмс“, потег што би можел дополнително да го дестабилизира Блискиот Исток и да ги загрози напорите на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да преговара за договор за спречување на Иран да развива нуклеарно оружје.
Иранската новинска агенција Фарс, повикувајќи се на безбедносни извори, ги негираше израелските извештаи дека Техеран лансирал дронови кон Израел, додавајќи дека иранската одмазда „ќе се случи во блиска иднина“.
На Израел му претстои мрачна ноќ, изјави висок ирански функционер за „Си-Ен-Ен“ додека двете земји денес разменуваат удари.