Идејата на овој начин да се сочува споменот на музичкиот гениј, каков што беше Тоше, музичка легенда, но и прекрасен човек, на чија работа, личност, на неговиот луциден хумор и неисцрпна креативност низ своите сеќавања јавноста ќе ја потсетат: Бени Шаќири, Дарио Панковски, Петар Георгиевски – Камиказа, Драган Б. Костиќ, Верица Пандиловска, К-15, Игор Џамбазов, Кирил Џајковски, Ена Веко, Фиц од „Студени нозе“, Лабина Митевска, Ристо Солунчев, Џина Папас Џокси… Наратор на настанот ќе биде музичкиот новинар и водител Антонио Димитриевски, а организатори се членовите на семејството и дел од блиските пријатели, соработници и колеги на Тоше Поп Симонов. Fokus