Официјалната причина за смртта на Џулијан Мекман е објавена.
Австралиско-американскиот глумец, можеби најпознат по своите улоги во сериите „Сечи докторе“ (Nip/Tuck) и „Волшебнички“ (Chermed), починал од метастази на белите дробови како последица на рак на главата и вратот, објави „Пипл“ (People). Мекман почина на 56 години, на 2 јули, во Клирвотер, Флорида, САД.