Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
4
81.05
21.10
0.00/1.12
4.00
2.77
0.69
307.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 4
6 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 198.5
Best clustering variants
6 0.99/0.01 2 198.5
Netpress

Оваа година Светскиот ден на вранецот ќе се одбележи в сабота, 5 октомври, во Националната опера и балет, со Вински салон на кој винските љубители ќе имаат можност да дегустираат вина од сортата вранец.

Во рамки на манифестацијата, специјален концерт ќе одржи минатогодишниот „Амбасадор на вранецот“ Казухиро Котетсу, кој е основач на Токискиот камерен оркестар „Вранец”. На настанот ќе присуствуваат и над 20 интернационални вински новинари, експерти во областа на виното, кои во деновите пред прославата ќе посетат македонски винарници со цел да се запознаат со македонската винска индустрија, да пробаат квалитетно македонско вино и да ја промовираат нашата држава како винска земја пред бројни читатели на светски познати магазини како Forbes, Decanter, BKWine и WineSofa. „Горди сме што Денот на вранецот секоја година станува сѐ позначајна манифестација на глобалната винска сцена, придонесувајќи оваа наша автохтона сорта да биде што пошироко препознаена и да го добие своето место во винскиот свет. Netpress