Во пресрет на гласањето за извештајот за земјава во Европскиот парламент, го прашавме известувачот за С Македонија, Томас Вајц, за тоа што содржи документот кој беше нападнат од бугарските медиуми зашто имал, како што беше пренесено, промакедонски позиции „Во нацрт-документот, таков како што е сега, има неколку референци за признавање на македонскиот јазик и македонскиот идентитет.
Македонскиот јазик и македонскиот идентитет се недвосмислено споменати и признаени во најновиот извештај на Европскиот парламент за Република Северна Македонија, изјави европратеникот Томас Вајц, кој е известувач за земјава.