Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) во соработка со Министерството за здравство на Р Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) во соработка со Министерството за здравство на Република Македонија денеска го организира 5. Годишен форум на Регионалната алијанса за превенција на рак на грлото на матката во Источна Европа и Централна Азија. Според организаторите, на Регионалниот форум ќе присуствуваат повеќе од 100 претставници од регионот, вклучувајќи претставници од влади, институции за јавно здравје, академскиот сектор, граѓанското општество и приватниот сектор. Како што информираат организаторите, на форумот воведни обраќања ќе имаат Флоренс Бауер, регионална директорка на УНФПА за Источна Европа и Централна Азија, Азир Алиу, министер за здравство, Рита Колумбија, постојана координаторка на ОН во Македонија, Марија Канелопулу од Делегација на ЕУ во Македонија, Валентина Преволник Рупел, министерка за здравство од Република Словенија.