Смртта на легендарниот актер Џин Хекман (95) и неговата сопруга Бетси Аракава (63) не е последица од истекување на гас, соопштија во вторникот властите во Ново Мексико, пренесува . Компанијата за гас од Њу Мексико потврдила дека „нема значајни наоди“ во опсежната истрага за истекувањето на гас и јаглерод моноксид во домот на брачната двојка, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Санта Фе. Компанијата, меѓутоа, соопшти дека во текот на истрагата открила едно „мало истекување“ на еден од шпоретите на гас и четири прекршоци поврзани со инсталациите за палење на бојлерот и каминот, се наведува во соопштението.
Малкумина од водечките холивудски актери можат да се пофалат со толку неверојатно патување до орбитата и назад како што го направи тоа легендарниот Џин Хекман, кој почина на 95-годишна возраст.