Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е победник на Ролан Гарос 2025.
АЛКАРАЗ ГО ОДБРАНИ „РОЛАН ГАРОС“ Се играше најдолгото финале на турнирот во историјата фото: EPA-EFE/MOHAMMED BADRA Шпанецот Карлос Алкараз ја освои својата втора титула на „Ролан Гарос“ и тоа по ред, откако денеска во маратонското спектакуларно финале го победи Јаник Синер за 5 часа и 29 минути игра со 4:6, 6:7(4), 6:4, 7:6(3), 7:6(10-2). Алкараз стана 15-тиот играч во Опен ерата со пет титули на Гренд слем турнирите и четвртиот во 21 век, по Новак Ѓоковиќ (24), Рафаел Надал (22) и Роџер Федерер (20). Претходно ги освои Отвореното првенство на САД во 2022 година, Вимблдон (2023, 2024) и Ролан Гарос (2024). 22-годишниот Шпанец стана третиот најмлад играч со пет титули од Гренд слем турнирите, по Бјорн Борг и Рафаел Надал.
Вториот тенисер во светот, Карлос Алкараз, го освои Ролан Гарос.