Владата на Република Северна Македонија ја поддржа кандидатурата на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, откри денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски кој на денешната прес-конференција одговараше на новинарски прашања.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, одлучи да ја назначи македонската поранешна вицепремиерка и министерка за одбрана Радмила Шекеринска за следна заменик-генерална секретарка.
Радмила Шекеринска во објава на социјалната платформа Х напиша дека ќе и биде привилегија да служи како заменик генерален секретар на НАТО под раководството на Руте.
Американската амбасадорка Анџела Агелер упати честитка за изборот на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО.