Во време кога зборуваме за човекови права, родова еднаквост и социјална правда, сè уште живееме во општество во кое менструацијата е табу, девојките и жените во Македонија сè уште се соочуваат со менструална сиромаштија, недостапност на соодветни производи, недостаток на информации и несоодветни хигиенски услови Дел од наодите од истражувањето за менструалната правда на Тиииит!
Инк. во соработка со РЕАКТОР – Истражување во акција објавено во 2021 година укажаа на тоа дека менструалните продукти се премногу скапи, жените и девојките во Македонија купуваат ефтини менструални продукти, наместо квалитетни, а голем дел од нив се нашле во ситуација да немаат пари да купат влошки и морале да импровизираат со крпи или тоалетна хартија.