Рекордните преминувања на нелегални мигранти преку Ламанш оваа година покажаа дека Брегзит не успеа да го исполни британското ветување за построги гранични контроли, изјави францускиот претседател Емануел Макрон, додавајќи дека на Британците им е „продадена лага“.Макрон и британскиот премиер Кир Стармер во четвртокот објавија пилот-програма за враќање на мигрантите што пристигнуваат во мали чамци.
Емануел Макрон, претседателот на Франција, и неговата сопруга Брижит Макрон пристигнаа во тридневна официјална посета на Обединетото Кралство.
Целиот свет внимателно ја следи посетата на францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит Макрон на Велика Британија , а од синоќа сите зборуваат за потегот на Макрон на гала вечерата, која ја приреди кралот Чарлс во негова чест.Имено, Емануел Макрон беше фатен како ѝ намигнува на принцезата Кејт додека наздравуваа за време на банкетот !Не е познато зошто Макрон си дозволил да биде толку опуштен пред принцезата и другите членови на кралското семејство.