Владата веќе работи да се изградат когеративни централи за затоплување на неколку локации, со цел да се намали аерозагадувањето во Скопје, но и во другите градови во земјава, откри денеска премиерот Христијан Мицкоски кој одговараше на новинарско прашање во врска со обвинувањата од опозицијата дека Владата ништо не презема за справување со аерозагадувањето.
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска го посети Тутунски комбинат АД Прилеп, по што на новинарско прашање, каков е планот за капитални инвестиции за наредната година, изјави дека Владата е фокусирана на вистински капитални инвестиции, пример се вложувањата за општините, реализацијата на Коридорот 10д.
Фокусирани сме на вистински капитални инвестиции, а не на трансфери до јавните претпријатија кои претходната влада ги пријавуваше како капитални инвестиции поради што граѓаните не можеа тоа да го почувствуваат во својот стандард, посочи денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Се трудиме во овие пет месеци да го консолидираме сето она кое што повеќе од три децении е уништувано, а е во државна сопственост.