Победата во вториот круг од претседателските избори ја гледа како признание за неговата досегашна работа, но смета дека е и порака до власта, рече вчеравечер во неговото обраќање хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, откако според резултатите беше очигледно дека убедливо го победи кандидатот на ХДЗ, Драган Приморац, освојувајќи повеќе од 74 отсто од гласовите.
На повеќе од 6,500 избирачки места во Хрватска денеска во 7 часот почна гласањето во вториот круг од претседателските избори на кои учествуваат досегашниот претседател Зоран Милановиќ (СДП) и Драган Приморац, поддржан од владејачката ХДЗ, Татковинското движење и неколку помали партии, јави Хина.
Според резултатите на Државната изборна комисија (ДИП), врз основа на 61,64 отсто од избирачките места, актуелниот претседател на Хрватска Зоран Милановиќ во вториот круг од изборите ги добил гласовите од 523.665 гласачи, а за Драган Приморац гласале 191.284 избирачи.
Во првиот изборен круг учествуваа осум кандидати, а Милановиќ влезе во вториот круг со 49,1 отсто освоени гласови и Приморац со 19,35 отсто поддршка од гласачите.