Градоначалникот на Општина Центар со претставници на Црвениот Крст на Град Скопје, потпиша договор за реализација на проектот „Итно копче“.
Црвениот крст на Град Скопје и Општрина Центар денеска потпишаа договор за воведување на „Итно копче“, услуга со која на жителите на Општина Центар на возраст над 65 години им се овозможува брза помош, достапна 24/7. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, соопштио дека корисниците ќе добијат уред во форма на приврзок или нараквица, кој овозможува веднаш да се повика помош од Контакт центарот на Црвениот крст.