Реткиот дијамант, наречен „Медитеранско син“, со тежина од 10,03 карати, денеска е продаден на наддавање во Женева, Швајцарија, за 19,2 милиони евра, објави аукциската куќа „Сотби’с“. Тобијас Корминд, извршен директор на „77 дајмондс“ (77 Diamonds) – најголемата интернет-платформа за злато и накит во Европа, изјави дека продажбата и цената на дијамантот, се „помалку импресивни“ од очекуваното, пренесува порталот „Свисинфо“ (Swissinfo). – Дијамантот ја надмина проценетата вредност од 20 милиони долари, што укажува на значителен интерес.
Но, општата несигурност, вклучително и трговските тензии меѓу САД и Кина, можеби ја намали довербата на понудувачите, изјави Корминд.