Песната е стилски поинаква од сето она што досега групата го работела, во брз ска ритам, но со мошне заразен и певлив хорски рефрен и стихови од кои извира чиста позитива, што и тоа како ни е потребно на сите нас во овие матни времиња.
Главниот вокал и овој пат го презема Ристо Самарџиев, но во хорските рефрени пеат сите членови на групата, што дава добар шлагворт за уште подобра интеракција со публиката која ќе ја пее во еден глас со групата на нивниот претстоен, славенички скопски концерт, на 16-ти ноември, но и на сите останати настапи во иднина. Fokus
Легендарната македонска група Меморија во пресрет на својот голем славенички концерт закажан за 16-ти ноември 2024 во арената „Борис Трајковски“ по повод 40 години од своето постоење, во етер пушти уште една нова, петта по ред песна насловена „За добро да е“. Овој пат во прашање е нова авторска песна, чиј автор е новиот гитарист на бендот Рубин Димковски, додека автор на текстот е Душко Темелковски, некогашниот пејач на прилепската група „Бен Хур“.Песната е стилски поинаква од сето она што досега групата го работела, во брз ска ритам, но со мошне заразен и певлив хорски рефрен и стихови од кои извира чиста позитива, што и тоа како ни е потребно, на сите нас, во овие матни времиња. Netpress