Актуелниот претседател и кандидат на опозициската Социјалдемократска партија (СДП), Зоран Милановиќ, победи во сите хрватски жупании, а најмногу гласови доби во Истра, Меѓумурје и Вараждин, додека кандидатот на владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ), Драган Приморац, победи само во странство, покажуваат вечерва објавените резултати на хрватската Државна изборна комисија (ДИК). Според последните податоци, врз основа на речиси 99 отсто обработени избирачки места, Милановиќ убедливо води, но падна под 50 отсто од гласовите.
Во Хрватска од полноќ стапи на сила изборниот молк во пресрет на неделните претседателски избори, на кои ќе учествуваат осум кандидати.
Во Хрватска денеска ќе се одржи првиот круг од претседателските избори, по парламентарните избори во април и европските во јуни, на кои ќе учествуваат осум кандидати.
Покрај во Хрватска, за претседател на републиката се гласа и во дијаспората, во 38 земји, девет помалку од пред пет години, а право да го изберат имаат вкупно 3 762 224 гласачи.