Најновите измените на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги предвидуваат испечатениот електронски документ кој што ќе биде изваден од граѓанинот, да има иста важност како и оригиналниот документ, посочи министерот за дигитална трансформација во синоќешното гостување на телевизија Алфа.
Од денес секој електронски документ од Националниот Портал и другите државни институции можете да го употребувате и испечатен.