„Оваа книга е моја лична теорија за романот, расказот и драмата, книга во која не само што пишувам за своите дела туку и откривам некои свои „мали тајни“ на пишувањето.
На синоќешната средба меѓу писателите и читателите во книжарницата ТРИ (Градски трговски центар), македонскиот писател, професор и книжевен теоретичар Венко Андоновски се здоби со Признание за највлијателен писател и просветител во 2024 година во ТРИ.