Американскиот претседател Доналд Трамп денеска и честиташе на германската конзервативна Христијанско-демократска унија (ЦДУ/ЦСУ) за победата на изборите.
Лидерот на германските конзервативци Фридрих Мерц, кој според првичните резултати е фаворит за следен канцелар на Германија, изрази подготвеност брзо да формира ефикасна влада, јави ДПА.