Со авион Ц-27 на грчкото воено воздухопловство од Скопје во Атина ќе бидат пренесени тројца повредени во пожарот во Кочани, кои ќе се лекуваат во грчката престолнина, објави грчката државна телевизија ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина.
Уште 12 повредени во пожарот во Кочани вечерва со авион се префрлени на лекување во Белград.