Турскиот ансамбл „Реј“ вчеравечер приреди прекрасно музичко доживување за публиката на фестивалот „Охридско лето“ . Оперските уметници со раскошни гласовни потенцијали, мецосопранот Ирем Бурша Бајир, сопранот Шениз Ердинч, баритонот Артур Багдасароглу и тенорот Берк Озбек придружувани од пијанистот Алпер Акгул зрачеа со топла сензибилна експресија која совршено се вклопи во акустичниот амбиент на црквата „Света Софија“. Netpress