На покана на министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово учествуваше и се обрати на работниот појадок со министрите за надворешни работи од Западен Балкан и со специјалните пратеници за проширување на Европската Унија, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Ако тоа се дозволи, се ризикува не само застој на една земја, туку и губење на кредибилитетот на целиот процес – потенцираше министерот Муцунски.
Притоа, тој го нагласи значењето на регионалната соработка и ја поздрави улогата на специјалните пратеници на ЕУ, оценувајќи дека нивниот ангажман е клучен за одржување на вниманието кон регионот и за поттикнување практични решенија.
Нашиот напредок е европски напредок – нагласи министерот во обраќањето.
Тој посочи дека Македонија останува посветена на европскиот пат и дека активно работи на реформите и имплементацијата на Планот за раст на ЕУ, истовремено нагласувајќи дека процесот на проширување мора да биде заснован на заслуги и на јасни критериуми.