Додека власта сака да им каже на луѓето дека не знаат како живеат, дека цените не растат, дека не е се поскапено и дека тече мед и млеко, сите податоци покажуваат дека граѓаните живеат сè потешко и посиромашно, истакна портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска на денешната прес-конференција. „Синдикалната минимална кошница е поскапа за речиси 5.000 денари, само за една година.