Слободен Печат
Иако беше закажана итна седница на собраниската Комисија за надзор на работата на АНБ и АР, на барање на претседателот на Собранието Африм Гаши, со предлог да се влезе во контрола на АНБ, седницата се одложи, а претседателот на Комисијата Скендер Реџепи Зејд, кој е во коалиција со опозициската ДУИ, обвини дека Гаши сакал да го прекрши Деловникот.
Откако Скендер Реџепи кажа дека нема да ја свика Комисијата зашто нема безбедносен сертификат и не може тој да оди на надзорот, а Гаши свика итна седница, која требаше да ја води пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, која е член на Комисијата, Реџепи Зејд сега тврди дека Гаши не поднел барање до него за да свика седница, туку сам закажал, односно го прескокнал него како претседател.