Максим Димитриевски, Претседател на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, беше гостин во интервју за новиот канал на младите на ЗНАМ, кое се одржа во рамки на летниот камп за млади на движењето во Струга. Тој ја истакна клучната улога на младите во политичките процеси, нивната способност да внесат поинаква енергија, креативност и визија, како и важноста на нивното активно учество во креирањето на иднината на Македонија.