Партијата Левица го обвини градоначалникот на Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ, Бобан Стефковски, дека наместо да ги решава основните проблеми на граѓаните, насочувал јавни средства кон фирма на свој близок пријател преку тендери вредни над 9 милиони денари.
Партијата Левица наведува дека фирмата на пријател на градоначалникот на Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ, Бобан Стефковски, добила тендери во вредност од 3,6 милиони денари за студентскиот дом „Скопје“, 4,4 милиони денари за домот „Томе Стефановски – Сениќ“ и околу 1 милион за училиштето „Кирил и Методиј“ во Стајковци.
3,6 милиони денари за Државен студентски дом „Скопје“ 4,4 милиони денари за ДСД „Томе Стефановски – Сениќ“ 1 милион денари за ООУ „Кирил и Методиј“ во Стајковци.
За Стефковски и ДПМНЕ, граѓаните на Гази Баба се последни на листата на приоритети.