Дозволете ми покрај носителот на листата Генерал Горанчо Котески да Ви претставам само дел од предложената градска листа: – Проф. д-р Билјана Андреска Богданоска, доктор на економски науки, актуелен Ректор на Европски универзитет – Скопје; – проф д-р Горан Ајдински, редовен професор на Филозофскиот факултет на УКИМ, декан на Факултетот во два мандати -Мире Јанев, скопска урбана легенда, сопственик на култниот локал „Плеј кафе“ на улица „Македонија“, познат како Миро Плеј; Ова се луѓе кои го чувствуваат пулсот на градот, кои ја знаат секоја негова мака, секоја негова надеж и кои се подготвени да го вратат Скопје на граѓаните – чисто, современо и достоинствено.