„Грејната сезона официјално започнува на 15 октомври, но согласно регулативата може да почне и порано, односно од 1 октомври, доколку прогнозата за средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12 степени целзиусови. Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи, за 2 октомври е прогнозирана средна надворешна температура од 10 степени со „Грејната сезона официјално започнува на 15 октомври, но согласно регулативата може да почне и порано, односно од 1 октомври, доколку прогнозата за средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12 степени целзиусови. Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи, за 2 октомври е прогнозирана средна надворешна температура од 10 степени со што се исполнети условите за производство, испорака и снабдување со топлинска енергија, согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги“, соопштија денеска од ЕСМ.