Олександр Усик по вторпат во својата кариера стана апсолутен шампион во тешка категорија и ги обедини сите појаси, а откако успеа да го добие и реваншот со Даниел Дубоа на „Вембли“, на Украинецот не му преостануваат уште премногу опции за во иднина.
Украинскиот шампион Олександр Усик со импресивен настап го совлада Британецот Даниел Дубоа со нокаут во петтата рунда, обезбедувајќи ги сите големи појаси во тешка категорија.