Чаби Алонсо ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид и ќе го замени Карло Анчелоти, кој наскоро и официјално ќе се збогува од кралскиот клуб и тоа најверојатно без трофеј во оваа 2025 годинa.
Алонсо имаше три одлични сезони на клупата на Баер Леверкузен, каде официјално најави заминување една година пред истекот на неговиот договор.
Со заминувањето на Карло Анчелоти, се очекува назначувањето на Чаби Алонсо за нов тренер на Реал Мадрид, а информациите од Шпанија велат дека веќе екс-предводникот на Баер Леверкузен ќе ги предводи „кралевите“ и на Светското клупско првенство. Gol
Ancelotti farewell soon, then Xabi era.
🎞️ pic.twitter.com/s6jY4DzZmx — Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 12, 2025 Овој потег значи и враќање на Алонсо на „Сантијаго Бернабеу“ каде во минатото настапуваше како фудбалер. Ekipa
Претходно се шпекулираше дека Сантијаго Солари може привремено да ја преземе улогата на тренер, но „Марка“ открива дека клубот веќе ја формализирал соработката со Алонсо уште минатата недела.
Одлуката е донесена и поради згуснатиот распоред, кој не остава простор за преоден период меѓу крајот на сезоната и подготовките за турнирот. Sport1
Денеска Реал го игра можеби најважниот натпревар во сезоната, против Барселона на Монжуик, а дербито доаѓа среде шпекулациите дека Карло Анчелоти си оди на крајот од сезоната и на негово место доаѓа Чаби Алонсо. Sport1
Алонсо, кој се покажа како исклучително успешен стратег на клупата на Баер Леверкузен, се враќа во Мадрид, овојпат во улога на тренер, со цел да започне нова ера во историјата на клубот.
Со тоа, актуелниот тренер Карло Анчелоти ќе се прости од клупата на крајот на сезоната, а клубот најавува посебна церемонија во негова чест, како знак на благодарност за неговиот придонес во последните години. Sportski
„Читам дека Чави го напушта Баер каде работеше фантастично.
Нему му се отворени сите врати на светот, како и на Реал затоа што покажа дека е еден од најдобрите тренери“, рече Анчелоти. Sport1
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Новиот тренер на Реал Мадрид,Чаби Алонсо и официјално ќе ја преземе функцијата веднаш по завршувањето на сезоната, пренесува шпанскиот весник „Марка“.
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, ќе го напушти клубот на крајот од сезоната за да ја преземе репрезентацијата на Бразил, објави денес Бразилската фудбалска конфедерација.
Карло Анчелоти е нов селектор на бразилската фудбалска репрезентација!
Баер Леверкузен во следниот период го чека реконструкција затоа што си заминува тренерот Чаби Алонсо, но и неколку ѕвезди меѓу кои се наоѓа и Флоријан Вирц.
Баерн Минхен ги почна преговорите за трансфер на еден од најталентираните германски фудбалери, Флоријан Вирц.
Добри вести доаѓаат за навивачите на Реал Мадрид пред денешното „Ел Класико“ против Барселона (16:15 часот), а се однесуваат на еден од нивните најдобри играчи, Винисиус Жуниор.
Бразилецот ќе остане до 2030 година, ќе заработува 20 милиони годишно.
Барселона речиси ја обезбеди титулата во шпанската Ла Лига откако го победи Реал Мадрид со 4-3 во „Ел Класико“.
Барселона се приближува кон титулата во Шпанија по големиот пресврт против Реал Мадрид во „Ел Класико“ Барселона речиси ја обезбеди титулата во шпанската Ла Лига откако го победи Реал Мадрид со 4-3 во „Ел Класико“.