Сане вреди 32 милиони евра, но бесплатно ќе го напушти Баерн МинхенСпоред информациите на германските и француските медиуми, Лирој Сане, 29-годишниот фудбалер на Баерн и германската репрезентација, е се поблиску до заминување во турскиот шампион Галатасарај.
Сане заедно со остатокот од тимот на Bayern отпатува во Соединетите Американски Држави за претстојното клупско Светско првенство, но се наведува дека неговото заминување од тој настан е реално во некој момент.