Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, во разговор со американските медиуми се осврна на најголемата ѕвезда во тимот, Осман Дембеле, за кого рече дека мора да ја добие „Златната топка“.
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, не ја криеше својата радост по убедливата победа од 4-0 над Реал Мадрид и пласманот во финалето на Светското клупско првенство.