Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, во интервју за МТВ рече дека добиле допис од одделот за интегритет на УЕФА, во кој се посочени одредени личности, со име и презиме, за кои што постои сомнение дека „имаат преземено дејствија кои се сомнителни“.
Првиот човек на Фудбалската Федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, во интервју за Македонската Телевизија говореше на најразлични фудбалски теми.