Напаѓачот на Интер, Маркус Турам, вчера ја покажа својата класа уште во првата минута од спектаклот против Барселона на стадионот „Монжуик“, кога со мајсторски потег со пета го донесе својот тим во водство, a се најде и во центарот на вниманието со изјавата по средбата.
Маркус Турам се врати по повредата и веќе во првата минута постигна спектакуларен гол за Интер, најавувајќи го спектакуларниот меч со Барселона што заврши без победник, 3-3. Најдобар поединец на теренот беше Ламин Јамал, 17-годишниот Шпанец беше незапирлив за дефанзивците на Интер, но Турам јасно стави до знаење дека според него, шпанскиот тинејџер не треба да се гледа како најдобар фудбалер во светот во моментов.