Германецот засега одбива да го направи тоа, пред се богатиот договор и загарантираните 42 милиона евра во следните три сезони, но јасно е дека неговиот статус, дури и ако остане, нема да биде ист како досега.
Германскиот голман, Марк Андре Тер Штеген не планира да го раскине договорот со Барселона на своја штета, тој е подоготвен да остане во клубот без разлика дали ќе брани или не. Тер Штеген не само што нема да биде прв голман на Барселона, туку голема е веројатноста за него да нема место ниту на клупата за резерви, но германскиот голман не е многу загрижен за тоа.