Талентираниот фудбалер на Црвена Звезда, Андрија Максимовиќ пред натпреварот на „црвено-белите“ против Барселона самоуверено порача дека во натпреварот ќе докаже дека е подобар од Ламин Јамал, но на теренот ситуацијата беше далеку од неговите желби.
Фудбалерите на Црвена Звезда се пред најголемиот предизвик во Лигата на шампионите оваа сезона, затоа што на „Маракана“ ќе гостува разиграната Барселона, во рамки од четвртото коло од лигашкиот дел.