Младиот фудбалер на Барселона Пау Кубарси во Белград заработи десет конци на лицето, најверојатно тоа ќе биде трајна лузна на неговото лице.
Натпреварот помеѓу Црвена звезда и Барселона, освен убедливиот триумф на каталонскиот тим со резултат 5:2, го одбележа и повредата на Пау Кубарси.
Имено, по еден дуел во 67. минута, капитенот на Црвена звезда, Урош Спајиќ, ненамерно го удри во лицето 17-годишниот стопер, кој се здоби со расекотина и остана да лежи со крваво лице.
Младиот дефанзивец не можеше да ја продолжи играта, а Барселона по натпреварот на социјалните мрежи објави фотографија од повредениот Кубарси, откривајќи дека младиот играч завршил со десет спојници на лицето и веројатно трајна лузна. Kajgana
Пау Кубарси одлично раководеше со одбраната на Барселона и на гостувањето во Белград против Црвена Звезда, но младиот дефанзивец се здоби ео незгодна повреда по еден груб старт на домашниот капитен Урош Спајиќ.
Копачката на Спајиќ заврши во лицето на Кубарси, веднаш стана јасно дека повредата е сериозна и тинејџерот мораше да биде заменет, а шокантно делуваат фотографиите од дефанзивецот што Барса ги објави во текот на ноќта, во која јасно се гледа сериозноста на повредите. Ekipa
Барселона се радуваше убедливо на гостувањето кај Црвена Звезда со 2-5 во четвртото коло на Лигата на шампионите. Gol
Нема посериозен проблем освен лицето, сигурно ќе има десетина конци, за раните да се средат, но најважно е што нема друг вид на повреди по удар во главата“, изјави тренерот Ханси Флик.
CUBARSÍ, sustituido tras una entrada criminal ⚠️🚨pic.twitter.com/73wdAshZI5 — Diario SPORT (@sport) November 6, 2024 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Ekipa
Каталонскиот гигант Барселона продолжи со одличните настапи во Лигата на шампиони (ЛШ) и ја запиша третата победа по ред, откако ја надигра Црвена Звезда во Белград со 5-2, додека Интер го доби дербито против Арсенал со 1-0, а ПСЖ и Атлетико Мадрид ремизираа (1-1) на „Паркот на принцовите“.
Денеска се играат втората половина од натпреварите од четвртото коло во Лигата на шампионите, има неколку интересни дуели, а ќе биде занимливо да се види како ќе помине Црвена звезда против Барселона.
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги имаше причина да биде повеќе од задоволен по победата на неговиот тим над Арсенал во еден од дерби натпреварите од 4. коло во Лигата на шампионите на УЕФА.
Шпанскиот стратег на кормилото на Арсенал не го криеше разочарувањето по минималниот пораз од Интер со 1:0 во Лигатата на шампионите.
Нова, по малку неочекувана вест доаѓа од таборот на француската репрезентација.
Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе изрази незадоволство од неговата позиција на теренот, пренесе шпански „Спорт“.
Астон Вила го расипа перфектниот биланс во Лигата на шампионите и тоа кога најмалку се очекуваше, на гостувањето кај Бриж.
Астон Вила после 3 од 3, го загуби првиот меч во Лига на шампиони со аматерска грешка, недозволива за ваков ранг на натпреварување.
Тренерот на Спортинг (Лисабон) Рубен Аморим го забележа својот последен натпревар на чело на тимот на Хозе Алваладе пред да го преземе Манчестер Јунајтед . Тој на најдобар можен начин се раздели со навивачите на лисабонските „зелено-бели“ со успехот од 4-1 над Манчестер Сити во Лигата на шампионите.
Рубен Аморим вечерва за последен пат го води Спортинг Лисабон на меч од Лигата на Шампионите, а фановите на Спортинг се погрижија омилениот тренер уште долго да ја памети оваа ноќ.