Ливерпул стигна до заслужено водство против Реал Мадрид откако доминацијата од првиот дел конечно беше крунисана на стартот од второто полувреме, преку Алексис Мекалистер.
Куртоа бранеше извонредно во првиот дел, одбрани и зицер на Бредли со глава во второто полувреме, но голманот на Реал беше немоќен по обидот на Аргентинецот на домашниот тим, кој од десетина метри ја смести топката во мрежата, на воодушевување на домашните фанови на „Енфилд“.