Се играше 13. минута кога Барселона израмни преку Роберт Левандовски од пенал (1-1), но домашните пак се разбудија, па во 22. и 30. минута ги казнија грешките на голманот Шчешни и преку Павлидис кој комплетира хет-трик заминаа на 3-1. На стартот на вториот дел, во 64. минута, падна ептен комичен гол.