Се почна со пораз од Болоња во Серија А во последните секунди, потоа следуваше и пораз од Милан во реваншот во полуфиналето во Купот на Италија, за црната серија да продолжи со нов пораз во Серија А, Рома го освои „Меаца“ со 0-1. Момците на Симоне Инзаги имаа можност да ја спасат сезоната со триумф во Лигата на шампиони откако го добија двомечот против Барселона и закажаа финале против ПСЖ, но вечерва во Минхен беше понижен како никој друг.