Почна Хакими во 12-та, продолжи Дуе во 20-та. Во вториот дел нова фуриозна игра на Французите, Дуе со втор гол, па Кварацхелија, на крајот Маулу за 5:0. Ова секако е голем историски успех за ПСЖ, а катастрофа на Интер кој до пред месец и половина се бореше за пехар на три фронта, а сега остана со празни раце.