Атмосферата во нашиот табор е на највисоко ниво, а желбата е секако да се вратиме до добар резултат од Ерменија.
Македонија в недела ќе игра против Ерменија, дуел кој може да биде решавачки во трката за освојување на првото место во групата. Sportski
Селекторот Милевски на располагање за дуелот против Ерменците ќе ги има стоперите Никола Серафимов и Ѓоко Зајков, додека неизвесен е настапот на Висар Муслиу, кој се повреди на натпреварот во Рига.
Македонската репрезентација пред еден месец во Скопје ја совлада Ерменија со 2-0 и со оптимизам влегува на реваншот во Ереван, во кој со победа ќе го обезбеди првото место во групата, а и со бод ќе направи голем чекор кон промоција во Б дивизијата пред двата завршни натпревари од ноемврискиот циклус против Летонија и Фарски острови во Скопје. Libertas
Македонија со евентуален триумф, многу веројатно ќе го освои првото место во својата група.
Сепак, ни одговара и реми бидејќи во таков случај и една победа во последните два меча, во ноември на домашен терен, исто така ќе завршиме на челната позиција која носи во повисок ранг. Sport1