И кога сите очекуваа крај на мечот без голови на вечното дерби, спектакл и еуфорија во Битола.
Во историскиот прв меч под рефлектори во градот на Конзулите, на стадионот „Петар Милошевски“, од нигде никаде, Мирко Ивановски погоди и донесе победа за Пелистер, оставајќи ги вардаровите фудбалери во целосен шок.
Имаа во серија три убави шанси, а во финишот и одбрана на Јовчевски која ги остави во игра пелистерци дека ќе останат непоразени.
Меѓутоа после една навидум безопасна акција и долга топка во шеснаесетникот, се одби до Ивановски кој од прва го совлада Гачевски на голема радост на битолските навивачи. Denesen
Во историскиот прв меч под рефлектори во градот на Конзулите, на стадионот „Петар Милошевски“, од нигде никаде, Мирко Ивановски погоди и донесе победа за Пелистер, оставајќи ги вардаровите фудбалери и навивачо во неверување и во целосен шок.
Во еден слаб натпревар, во повеќе тактичко надмудрување, без многу шанси на двете страни, на крајот радоста за битолските навивачи, за тој еден погодок. Ekipa
По долгото судиско продолжение, на полувреме се замина без голови со почетните 0-0. Вториот дел тргна исто како и првиот, со обид на Ивановски од дистанца.
Потоа Вардар се консолидира и ја презеде иницијативата. Gol
Црвено-црните го одиграа можеби најдобриот меч сезонава, имаат повеќе зрели шанси за гол, кои, за жал на нивните навивачи, не ги искористија па на крајот дојде казната.
Освен по третата победа сезонава за пелистерци, оваа средба ќе остане запаметена по спектакуларната атмосфера, преполните трибини и пиротехниката, транспарентите и фантастичното навивање на фановите на двата тима. Sport1
Во Битола синоќа под рефлектори се одигра најголемото македонско дерби меѓу Пелистер и Вардар. Off
Македонското Ел Класико според интересот апсолутно ги оправда очекувањата, собра повеќе од 5.000 фанови на трибините.
Херој на дуелот е Мирко Ивановски, кој постигна победнички гол во 92.минута и отиде да го прослави со најверните фанови, се качи горе на трибината во еуфорија, и потоа доби втор жолт картон за исклучување. A1on
Ивановски голот вреден победа го постигна во судиското продолжение по што истрча да го прослави со најверните навивачи на битолскиот клуб, но во таа прилика беше и исклучен поради претеранот славје.
„Каква ноќ, каков празник на градот, каква атмосфера, колку емоции, колку народ… Битола, Битолчани, Чкембари ова е за вас…Фала за се“, објави Ивановски на социјалните мрежи. Sportski
Фудбалерите на Пелистер славеа минимално во дербито со Вардар (1-0) во 13. коло на ПМФЛ. Gol
Човек на одлука беше капитенот на „зелено-белите“ кој во 92. минута го реши натпреварот.
Првата закана на натпреварот ја имаше искусниот Мирко Ивановски кој го тестира голманот Гачевски. Gol
Екипата на Пелистер го доби првото македонско „Ел Класико“ сезонава, откако минимално славеше во вечерашната средба на домашен терен под рефлектори против Вардар (1-0), со погодок буквално пред самиот последен свиреж на главниот судија.
Херој во битолскиот табор беше капитенот Мирко Ивановски, кој погоди во втората минута од судиското надополнување на крајот, по што еуфорично отиде да слави на трибината со популарните Чкембари. Sport1
Фудбалерите на Пелистер славеа минимално во дербито со Вардар (1-0) во 13. коло на ПМФЛ.
Големото дерби на македонскиот фудбал меѓу Пелистер и Вардар тукушто почна, а се остварија најавите на домаќините дека трибините на стадионот ќе бидат исполнети безмалку до последното место.
Утре од 19 часот на реновираниот Тумбе Кафе, Пелистер и Вардар ќе играат под рефлектори, а според најавите од Битола, претстои голем фудбалски спектакл.
Работнички и Шкендија одиграа без голови 0-0 во дербито на 13. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) денеска на програмата е 13. коло со две дерби пресметки во кои второпласираната Шкендија му гостува на лидерот Работнички, додека Пелистер го пречекува Вардар.
Срѓан Захариевски до денес не е шеф на стручниот штаб на ФК Вардар.
Нови потреси и нови промени во нашиот најтрофеен клуб. ќе добие нов, четврти тренер оваа сезона, откако утрово клубот од објави дека ја прекинува соработката со . 51-годишниот тренер на девет натпревари го водеше Вардар во шампионатот и забележа една победа, против во Кавадарци.
Фудбалскиот клуб Аеродром официјално го реотвори новото фудбалско игралиште, кое е лоцирано во непосредна близина на основното училиште „Александар Македонски“ во Ново Лисиче.
Фудбалскиот клуб Аеродром денеска официјално го реотвори новото фудбалско игралиште, кое е лоцирано во непосредна близина на основното училиште „Александар Македонски“ во Ново Лисиче.