Вардар викендов по поразот во дербито со Пелистер во претходнто коло го чека уште еден сериозен тест и тоа против Шкупи.
Пред овој натпревар од редовите на црвено-црните објавија важно соопштение: „По одржаниот состанок со претставниците на МВР и ФФМ, а во врска со натпреварот против екипата на Шкупи, кој ќе се одигра во сабота од 13:00ч. на Арената ,,Тодор Проески”, донесени се следните одлуки: Билети ќе се продаваат исклучиво пред југозападниот влез на стадионот, кој воедно ќе биде и единствено отворен за посетители.