Екипите на ПСЖ и Реал Мадрид (21 часот) ќе се борат за пласман во финалето на Светското клупско првенство (СКП) во вечерашниот натпревар на „МетЛајф“ стадионот во Њујорк, а победникот од ова полуфинале ќе игра против Челзи, кој веќе обезбеди дуел за трофејот по победата над Флуминенсе (2-0). Подготовките за дуелот не минаа без проблеми, особено за шпанскиот тим.
Младиот Гонзало Гарсија импресионираше за време на Светското клупско првенство со четири гола и една асистенција во пет натпревари.
Драма го зафати фудбалскиот клуб Реал Мадрид пред нивното заминување во Њујорк, каде треба да го играат полуфиналниот натпревар од Светското клупско првенство против ПСЖ.
Откриено како настанал проблемот на Мбапе: Поради пилешко месо изгубил шест килограмиВо почетокот на Светското клупско првенство, Килиан Мбапе се најде со стомачни проблеми кои доведоа до болничко лекување и го спречија да настапи на поголемиот дел од натпреварите.