На Стивен Џерард не му оди и легендата на Ливерпул од играчките денови е под голем притисок од навивачите кои бараат смена на клупата.
Поранешниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард, наводно ќе биде разрешен од функцијата шеф на стручниот штаб на Ал-Етифак, откако синоќа беше елиминиран од второлигашот Ал Џебелеин во осминафиналето на Купот на Саудиска Арабија.