Фудбалерот на тетовска Шкендија, Аденис Шала, во разговор со клупскиот веб-сајт зборуваше за досегашниот дел од сезоната, а воедно најави голема борба во големото дерби против Работнички, во кое ќе се соочат водечките екипи во Првата македонска лига.
Тетовчани ќе допатуваат во Скопје со само еден бод заостанување зад „романтичарите“, а Шала смета дека неговиот тим има квалитет да го надигра ривалот и да се врати дома како нов лидер на табелата.