И кога сите очекуваа крај на мечот без голови на вечното дерби, спектакл и еуфорија во Битола.
Во историскиот прв меч под рефлектори во градот на Конзулите, на стадионот „Петар Милошевски“, од нигде никаде, Мирко Ивановски погоди и донесе победа за Пелистер, оставајќи ги вардаровите фудбалери во целосен шок.