Грчкиот газда на Форест, Евангелос Маринакис, му понудил на Еду три пати поголема плата од онаа што ја зема во Арсенал, моќ за носење на клучните одлуки во Нотингем, но и советничка улога во останатите клубови во сопственост на Маринакис (во преден план Олимпијакос). Како што информираат англиските медиуми, челниците на Арсенал биле шокирани од ваквиот развој на настаните, исто како и Артета, но Еду јасно ставил до знаење дека нема намера да се премисли и само прашање на време е кога и официјално ќе се пресели во Нотингем. Ekipa